Македонската фудбалска репрезентација до 17 години го загуби првиот контролен натпревар во Скопје од соодветната репрезентација на Романија. Противникот успеа на крајот да стигне до минимална победа изразена со резултат 2:3.
Двајцата вардарови играчи кои се дел од оваа млада репрезентација на Македонија, Давор Лефковски и Нуман Ајетовиќ, влегоа во игра во вториот дел од натпреварот.
Двете репрезентиции во понеделник ќе одиграат уште една контролка.