Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖРК Вардар без бодови од дуелот со Ѓорче Петров
ЖРК Вардар без бодови од дуелот со Ѓорче Петров

ЖРК Вардар без бодови од дуелот со Ѓорче Петров

ЖРК Вардар во 2.коло од плеј-офот гостуваше кај Ѓорче Петров, оваа средба ја доби домаќинот со резултат 29-26.

Ривалот отвори подобро и поведе со три гола при резултат 7-4. Вардарки успеаа да се вратат во игра и изедначија на 11-11. Сепак домаќините на одмор заминаа со комотна предност од 6.погодоци, односно со резултат 19-13. Во вториот дел имавме негата од пет гола, 20-15, по која изнајдовме сили и намаливме на 24-23, за жал не искористивме неколку прилики за изедначување. Бевме совладани со резултат 29-26.

Стефаноска Сара со 11.гола беше прв стрелец, капитенот Диневска Бојана погоди 6.пати. Илиќ одбрани 8.удара, Ѓорѓиевска сопре 2.топки, Трајкоска имаше 1.интервенција.