Во текот на вчерашниот ден на стадионот „Радник“ во Сурдулица беше одигран првиот пријателски натпревар на фудбалските репрезентации до 18 години на Србија и Македонија. Првиот дуел го добија србите кои триумфираа со резултат 2:0 (1:0).
Стартери на овој меч за Македонија беа и двајца играчи од Вардар. Се работи за голманот Матеј Андов и играчот од средината, Божидар Митревски кој инаку е капитен на оваа селекција. Во 70 минута во игра влезе и Бојан Димоски.
Вториот контролен натпревар на овие две селекции е закажан за во сабота, во градот Ниш.