Вардаровиот sид пред голот на Дејан Милосављев на дуелот во Скопје против Барселона не функционираше ама баш ич. Им беше дозволено на противничките играчи да шутираат од каде сакаат и згора на тоа да не биде поставен соодветен блок од наша страна.
Па така по првиот дел, се чини дека Парондо требаше да постави одбрана 5-1 со Дибиров напред, и да проба да ја разбие играта на противникот, но, тоа не се случи. Иако тоа не се случи на неделниот натпревар во Скопје, на утрешниот во Шпанија, Парондо сериозно ја подготвувал тактиката 5-1 со Дибиров напред, во случај повторно да немаме решение во одбрана 6-0.
Останува да видиме како ќе се движи текот на утрешниот дуел, на кој Вардар замина растеретен и со желба да покаже дека во Скопје беше пред се само еден лош ракометен ден.