Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Стојилевски и повратникот Здравковски со повик за Македонија У17, Величковски откажа поради повреда
Стојилевски и повратникот Здравковски со повик за Македонија У17, Величковски откажа поради повреда

Стојилевски и повратникот Здравковски со повик за Македонија У17, Величковски откажа поради повреда

На 12 и 16.септември македонската фудбалска репрезентација до 17 години во Скопје ќе одигра два контролни натпревари.

Најпрво на 12.септември силите ќе ги одмериме со соодветната репрезентација на Кипар, додека на 16.септември за противник ја имаме репрезентацијата на Србија. Натпреварите ќе се одиграат на тренинг центарот Петар Милошевски.

Селекторот Тони Јакиковски, повика тројца играчи од редовите на Вардар, но еден нема да може да се стави на располагање. Се работи за Никола Величковски кој има мала повреда на тетивата, која ќе го одалечи една недела од терените.

Марко Стојилевски доби нов повик во репрезентативниот дрес, како и повратникот во Вардар, Симеон Здравковски, кој минатата сезона замина од Вардар, но повторно сезонава ќе го носи црвено-црниот дрес.