Иван Николов (19), доскорeшниот капитен на репрезентацијата до 19 години го засилува ФК Вардар. Игра на местото играч за врска и до пред некоја недела беше играч на Академија Пандев. Потекнува од школата на Брегалница Штип.
Ова е дело на новиот спортски директор Бајевски, кој успева во Вардар да донесе голем талент и иднина на македонскиот фудбал. Николов треба веднаш да добие шанса во почетниот тим бидејќи во Втората лига мора натпревар да започнат двајца играчи до 21 година.
Му посакуваме добредојде Во Вардар на младиот Николов!