Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Македонија У17 поразена од Русија, Стојилевски и Величковски дел од националната репрезентација
Македонија У17 поразена од Русија, Стојилевски и Величковски дел од националната репрезентација

Македонија У17 поразена од Русија, Стојилевски и Величковски дел од националната репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години се наоѓа на меѓународен турнир во Италија, каде вчера го одигра првиот контролен натпревар.

Избраниците на Тони Јакимовски на отварање на турнирот беа убедливо поразени од репрезентацијата на Русија, која славеше убедливо со резултат 0:5 (0:2).

Марко Стојилевски и Никола Величковски се единствените од Вардар кои беа повикани за настап во националниот дрес на овој турнир. Во поразот од Русија, Стојилевски беше стартер, додека Величковски влезе во игра во вториот дел од натпреварот.

Следниот натпревар за Македонија на програмата е во петок, против селекцијата на Словенија. Во недела силите ќе ги одмериме со репрезентацијата на Албанија.