Избраничките на легендарната Славица Наков, кошаркарки на Вардар беа многу подобри од Струга 2009, и го добија големото финале во М14 лигата со (75:43). Женската екипа на Вардар, кошаркарки „Под 14“ години е освојувач на М14 лигата. Во финалниот меч од оваа возрасна категорија, девојчињата во „црвено-црна“ комбинација на дресот, беа многу подобри од екипата на Струга 2009, и заслужено стигнаа до титулата државен првак во М14 лигата од младинскиот натпреварувачки сегмент
Струга 2009 – Вардар 43:75
Младите кошаркарки на Вардар беа подобри во сите аспекти на кошаркарската игра. Особено добро ги бранеа противничките напади. Не им дозволија на стружанки да поентираат од добро изградени позиции.
Во првата четвртина го лимитираа противникот на само осум поени. Дадоа 17, и остварија убава предност од (17:8) по десет минути од финалето.
Во ист стил избраничките на тренерот Славица Наков и нејзините асистенти на оваа средба, Јасмина Герасимовска и Благоја Трифуновски, продолжија и во вториот период, во кој изградија уште поголема предност (27:15) беше во 17.минута од играта, потоа и (31:17), за првото полувреме да финишира со (33:19).
Ниту паузата не донесе добри моменти за кошаркарките од Струга. Противникот стигна и до двојно поголема разлика (50:25) по нецели шест минути од третата четвртина, кога стана ушт епојасно дека „вардарки“ ќе стигнат до златните медали, како најдобри на овој турнир, на кој Ања Начевска од победничката екипа, го понесе епитетот за најкорсна на турнирот во СРЦ „Кале“.