Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Гоце Јовчев и Грегори Давков во составот на Македонија У19 за претстојниот квалификациски турнир

Гоце Јовчев и Грегори Давков во составот на Македонија У19 за претстојниот квалификациски турнир

Македонската репрезентација до 19 години од 10. до 16. ноември ќе ги одигра натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство. Нашата надежна репрезентација на турнирот во Албанија ќе се соочи со селекциите на Албанија, Србија и Франција.

Селекторот на македонската репрезентација до 19 години, Дашмир Беари за квалификациските натпревари ќе смета двајца играчи кои доаѓаат од Вардар. Се работи за голманот Гоце Јовчев и Грегори Давков.

Турнирот го отвораме против Србија на 10. ноември во Елбасан, три дена подоцна играме против топ фаворитот Франција, а на 16. ноември е мечот против домаќинот, селекцијата на Албанија.