Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Ајетовиќ и Младеновски стрелци за Македонија У16 која на пенали го победи Таџикистан
Ајетовиќ и Младеновски стрелци за Македонија У16 која на пенали го победи Таџикистан

Ајетовиќ и Младеновски стрелци за Македонија У16 која на пенали го победи Таџикистан

Во рамките на првото коло од УЕФА развојниот турнир за фудбалери родени 2006 година што се одржува во Скопје, Македонија успеа после подобро изведување на удари од белата точка да ја победи соодветната репрезентација на Таџикистан.

Во регуларниот дел, натпреварот заврши со нерешен резултат 3:3. Македонија подобро го отвори натпреварот и поведе уште во 5.минута со голот на вардаровиот играч, Нуман Ајетовиќ, додека во 27.минута веќе имавме и водство од 2:0. Следеше голем пад во нашата игра, кој противникот максимално го искористи, па со два погодои успеа на полувреме да замине со нерешен резултат 2:2.

Кризата во нашата игра продолжи и на стартот од вториот дел, кога Таџикистан направи целосен пресврт и поведе со 2:3. Избраниците на Вујадин Станојковиќ се вратија од негативата, напаѓаа со цел да го израмнат резултатот, тоа им успеа дури во 84 минута кога противничката мрежа ја затресе уште еден играч на Вардар, се работи за Стефан Младеновски (генерација 2007), кој моментално е дел од Академијата на ФФМ. Со неговиот гол беше поставен конечниот резултат 3:3.

После изведување на пеналите, Македонија победи со резултат 5:4.

Во стартниот состав на овој натпревар од вардаровите играчи се најдоа Алтин Алији и Нуман Ајетовиќ, додека во вториот дел влезе и Стефан Младеновски, а поради повреда Дарко Сековски не се најде во изборот на играчи за овој прв натпревар на развојниот турнир во Скопје. На 5.мај ќе ги одмериме силите со репрезентацијата на Косово. Натпреварот ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски” со почеток од 16. часот.