Екипата на Хановер каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, но и новото засилување на Вардар, Нејц Цехте играат добро во Бундеслигата и во овој момент не се доведува во прашање опастанокт на тимот во елитата.
,,Вардар Фанс” фрли око на игрите на новото засилување на вардарци и засега можеме да бидеме задоволни од она што го прикажува бек шутерот во најсилната лига на светот. Нејц Цехте засега во Бундеслигата има постигнато 45 гола и има 41 асистенција од позицијата десен бек, што е добра статистика.
Вардар до овој момент го договори само словенечкиот репрезентативец како ново засилување. Во тимот остануваат Стоилов, Ристовски, Мишевски и Георгиевски за идната сезона со сигурност.