Актуелниот шампион на Македонија, ФК Вардар ја заврши есенската полуетапа на петтата позиција на табелата со 25. освоени бодови или шест победи, седум нерешени и пет порази.
Кај ,,црвено – црните” само двајца играчи можат да се пофалат дека ги одиграле сите минути овие 18 првенствени рунди. Голманот Филип Илиќ и играчот од одбраната Виктор Велкоски беа најстандардни оваа есен кај ,,црвено – црните”.
Кога се во прашање натпреварите, покрај нив двајца, сите дуели ги имаат одиграно и Стефан Лазаревиќ и Филип Петковски само со помала минутажа.