Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар утре гостува кај „фенерџијата“ Куманово
ЖКК Вардар утре гостува кај „фенерџијата“  Куманово

ЖКК Вардар утре гостува кај „фенерџијата“ Куманово

Девојките на Жаклина Стојановска по пауза поради одложувањето на дуелите изминатите две недели  ќе го одиграат четвртиот дуел оваа есен. Ние гостуваме кај екипата на ЖКК Куманово во истоимениот град.

ЖКК Вардар утре, сабота (26.декември) ќе гостува кај „фенерџијата“ на групата Исток, противникот е закован на дното со четири порази од четири одиграни напревари. Ние имаме шест бода по три победи на исто толку дуели.

Натпреварот во салата „Перо Наков“ во Куманово е закажан со почеток во 12-00 часот.