Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > УЕФА: ФК Вардар е најдобро рангираниот мак.клуб во ЛШ
УЕФА: ФК Вардар е најдобро рангираниот мак.клуб во ЛШ

УЕФА: ФК Вардар е најдобро рангираниот мак.клуб во ЛШ

Европската куќа на фудбалат,  ја објави листата на најуспешните клубови во Купот/Лигата на шампиони. Почнувајќи од 1955 година, кога Спортинг Лисабон и Партизан го одиграа првиот меч, најуспешен клуб е Реал Мадрид.

На листата на 500 најуспешни клубови има шест македонски екипи. Најдобро рангиран е Вардар на 149 место. Црвено-црните имаат осум учества, одиграле 24 натпревари забележале пет победи, осум нерешени и 11 порази.

Работнички е на 188 место, со четири учества (14 натпревари, 3/6/5). Шкендија е на 258 место, со три учества (10 натпревари, 3/1/6), на 303 место е Слога со три учества (10 натпревари, 1/3/6). На 389 место е Победа, со две учества (4 натпревари, 0/2/2), на 489 место е Ренова со едно учество и забележани два порази.