Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар победија на контролни натпревари
Генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар победија на контролни натпревари

Генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар победија на контролни натпревари

Изминатиов викенд генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари на спортскиот комплекс во населбата Хиподром. Избраниците на Влатко Колев стигнаа до победа и на двата натпревари против екипата на Њу Старс.

Во еден интересен и ефикасен натпревар, вардарците од генерација 2007 успеаа да ги победат врсниците од Њу Старс. Конечниот резултат гласеше 5:4. Свое гол шоу имаше новиот играч на Вардар, се работи за Петар Давитов кој успеа да постигне четири голови, додека во листата на стрелци се запиша и Иван Блажевски.

До убедлива победа стигна и генерацијата 2008, тука немаше дилеми околу конечниот победник, момците на Колев одиграа одличен натпревар против Њу Старс кој го добија со резултат 4:0. По два гола беа дело на Илија Митановски и Матеј Киш.