Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Судии од Австрија за натпреварот на Вардар и Брест Мешков
Судии од Австрија за натпреварот на Вардар и Брест Мешков

Судии од Австрија за натпреварот на Вардар и Брест Мешков

Во среда (22.09), во рамките на второто коло од ракометната Лига на Шампиони, Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Брест Мешков.

ЕХФ делегираше судии од Австрија, се работи за Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ.

Вардарци ќе се обидат да стигнат до првиот триумф сезонава во ЛШ, откако во првото коло ремизираа кај Елверум, додека Брест Мешков загуби дома од екипата на Кил. Натпреварот во среда во С.Ц. Јане Сандански стартува во терминот од 20:45 часот.