Овој викенд започна новата сезона (2021/22г) во женската сениорска лига, екипите се поделени во 2.групи А и Б, се одиграа 7 натпревари, оваа сезона лигата има поголем број на учесници и брои 15.тима.
Во нашата група-Б се одиграа три натпревари во воведното коло, тимот на Стружанка беше слободен во 1.рунда. Овче Поле на домашен терен ја совлада екипата на Астибо која за прв пат игра во сениорската лига со пет гола повеќе, тие победија со 29-24. Кај победникот се истакнаа Конева Јована со 6 и Павловска Стефанија со 5.гола, кај поразените Анчева Марија стрелаше дури 8.пати.
Металург во Автокоманда во еден интересен дуел успеа да биде постојано на чекор пред солидниот тим на РК Спартак. Сино-белите победија со 8.позитива (34-26), кај домашниот тим Калајџиевска Јана погоди 7.пати, а само гол помалаце имаше одличната Ѓошевска Јана. Деби во суперлигата имаше Коловска Александра која мина од кадетскиот тим на Вардар во Автокоманда и стрелаше 5.пати.
Кај екипата од Кисела Вода, прв стрелец беше уште една поранешна вардарка, Ангела Гроздановска погоди дури 8.пати, 4 гола беа дело на крилото Ива Ангеловска која мина во Спартак од нашиот кадетски состав ова лето. На голот Спартак има еден од најдобрите голмани во сениорската лига, уште една ракометарка од вардаровата школа на Царчев, станува збор за Станчева Ивана која успеа да сопре неверојатни 16.удари на Металург и која брани во репрезентативна форма.
Најголемото дерби, ова кого во групата-Б па и општо во целата лига се одигра во Ново Село, во салата „Христо Б.“ каде што реновираниот и сериозно засилен тим на Ѓорче Петров-ЖРК беше домаќин на Вардар. Дуелот носеше епитет на дерби, така и започна со одлична игра на теренот.
Домаќинот влезе фуриозно и се одлепи на 4-1, покажувајќи желба за победа. Ние направивме баланс и во 20.минута изедначивме на 5-5. Бевме посконцетрирани и успеавме на одмор да заминеме со три плус (8-11), но ништо не беше решено. Голема борба имаше помеѓу двата тима во 2.дел, ривалот ја напаѓаше ние ја браневме и успеаме да ја одбраниме нашата предност. Победивме со 19-17, сите девојки беа одлични. Нашиот голман, кој влезе од клупата Трајкоска Јована имаше неверојатна партија, таа сопре 15.удари и ни овозможи да победиме, имаше неверојанити над 50% одбранети топки на дерби меч, честитики до Јоци, младинскиот репрезентативец за играта. Прв стрелец беше веќе традиционално Трпевска Ивона со 5.гола, 4.погодици имаше средниот бек кој покажа борбеност Галевска Марија, а Миновска Сара учествуваше во победата со 3.погодока.
19/09/2021 | ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЖРК АСТИБО | 29 – 24 | На кратко |
18/09/2021 | ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – ЖРК ВАРДАР | 17 – 19 | На кратко |
18/09/2021 | ЖРК МЕТАЛУРГ – ЖРК СПАРТАК | 34 – 26 | На кратко |
*Со клик на полето “На кратко“ може да го погледнете записникот од дуелот.
2.коло група-Б, парови:
26/09/2021 | ЖРК СПАРТАК – ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ | ||
26/09/2021 | ЖРК ВАРДАР – ЖРК МЕТАЛУРГ | ||
26/09/2021 | ЖРК СТРУЖАНКА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК |
Во другата група- А исто така се одиграа првото коло од новата сезона. Таму се одиграа четири натпревари на кои се постигнати следните резултати:
*Со клик на полето “На кратко“ може да го погледнете записникот од дуелот.
2.коло група-А, парови:
26/09/2021 | ЖРК ФЕНИКС АМС – ЖРК ШАМПИОН | ||
26/09/2021 | ЖРК ГЕВГЕЛИЈА – ЖРК КУЗМАН ВАРДАР | ||
26/09/2021 | ЖРК КУМАНОВО – ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012 | ||
26/09/2021 | ЖРК ЧАИР – ЖРК ДЕСПИНА |