Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Без Комити ние не сме Вардар, треба да се надминеме за да го победиме Мешков
Вујовиќ: Без Комити ние не сме Вардар, треба да се надминеме за да го победиме Мешков

Вујовиќ: Без Комити ние не сме Вардар, треба да се надминеме за да го победиме Мешков

Нема многу одмор за вардарци, кои веќе во среда играат натпревар во Лигата на Шампионите, прв пред домашната публика. Во С.Ц. Јане Сандански гостува екипата на Брест Мешков, натпревар на кој и двете екипи ќе се обидат да стигнат до првата победа сезонава.

Денес Вардар одржа прес-конференција на која ги сподели очекувањата за дуелот со Брест Мешков, на истата говореше тренерот Вујовиќ кој го изјави следново:

Едно е сигурно, а тоа е смртта, а сѐ друго е релативна работа. Не сакам да се жалам, но во последните седум дена одигравме четири меча, и ако ги сметаме Мешков Брест и Еурофарм Пелистер, тоа ќе бидат шест за 14 дена. Вардар во овој момент нема капацитет за толкав број на натпревари. Но ајде да не биде сѐ црно. Како што знам и Мешков има проблеми со повредени играчи. Кудуз не верувам дека ќе може да ни помогне ниту со Мешков Брест. Ние во последните седум дена не направивме два нормални тренинзи. Ние немаме уште еден среден бек, а за да пробам некој од другите ракометари нема време. Треба да се надминеме себе за да го победиме Мешков. Тие имаат сигурен клуб, буџет, можат да носат сериозни играчи, иако сите знаеме дека сѐ се врти околу Скубе. Ние без навивачи во сала не сме Вардар. Колку од ‘Комити’ ќе дојдат не знам, но секако би ни значело да бидат во голем број”

Натпреварот во среда ќе стартува во терминот од 20:45 часот.