Две наши Вардарови фудбалски генерации одиграа пријателски натпревари со екипата на Брегалница. Мечевите се одиграа во Штип и двата дуела завршија со идентичен резултат од 2:2.
Фк Вардар генерација “2002“ одигра нерешено 2:2 против своите врсници од Брегалница. По првото полувреме домаќинот имаше предност од 1:0. Во вториот дел паднаа уште три погодоци, од кои два беа во мрежата на противникот. Двата гола за Вардар беа дело на Марио Илиевски.
Со ист резултат заврши и натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Брегалница генерација родени “2004“ година. Тука се играше во три полувремиња, од вкупно 20 минути. По првото Брегалница имаше предност од 1:0. Во второто црвено-црните одиграа многу подобро, успеаа дури целосно да го свртат резултатот во своја корист(1:2). Сепак во последниот дел, домаќинот постигна гол, со кој го израмни резултатот на 2:2 што беше и конечен на овој контролен натпревар. Марио Сурлов и Огнен Здравковски беа стрелци на головите за Вардар.