Избраниците на тренерот Игор Кралевски, Фк Вардар генерација “2006“ не помислуваат за застанат со освојување на младинските фудбалски турнири и освојување на нови трофеи. На турнирот на нoвинари во спортскиот центар Јане Сандански организиран од спортското радио 90.3, нашите надежи на крајот го освоија првото место.
Откако вчера ја победија екипата на Фамос и обезбедија финале, денес во истото беа подобри од екипата на Кул. Конечниот резултат гласеше 1:0, победничкиот гол беше дело на Давид Голубов, кој е најдобар стрелец на оваа екипа. Можеби минималниот триумф не беше реалната слика, за она што се случуваше на теренот во С.Ц. Јане Сандански. Младите Вардарци речиси играа “викторија“ пред голот на противникот, но среќата не ги посака во неколку наврати. Сепак и златниот гол на Давид Голубов беше доволен за нов трофеј и освојување на нов фудбалски турнир. Само да потсетиме во изминативе нешто повеќе од два месеци, оваа генерација освои дури четири турнири. Тоа се “Кул куп 2015“ , турнир по повод 13 ноември, турнир во Охрид и последниов во Јане Сандански.
Момците кои настапија се: Андреј Данчевски, Дамјан Крстевски, Драган Јанкоски, Михаил Николов, Михаил Танчев, Максим Цониќ, Милош Спасовски, Никита Патаровски и Милош Проковиќ.
Овие момчиња се голема афирмација за фудбалскиот клуб Вардар. Со своите успешни настапи и освоени турнири го прават Вардар да биде најдоброто од Македонија. Честитики и од нашата редакција за овие златни момчиња, кои успешно ја заокружуваат оваа година која полека изминува.