Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со половина сили ја победи Војводина и ја забележа деветтата победа во сеха-лигата
Вардар со половина сили ја победи Војводина и ја забележа деветтата победа во сеха-лигата

Вардар со половина сили ја победи Војводина и ја забележа деветтата победа во сеха-лигата

Црвено-црните не дозволија изненадување во Нови Сад, победувајќи ја екипата на Војводина со резултат 26:31. Иако игравме промнливо во текот на целиот меч, сепак квалитетот очигледно е дека беше на наша страна. Со половина сили Вардар ја забележаа деветтата победа во сеха-лигата.

Шишкарев го отвори натпреварот со гол за отварање на резултатот. Вардарци имаа предност до четвртата минута, кога Војводина со два последователни гола го презема водството. Петар Ангелов започна на нашиот гол, но брзо дојде до смена со Страхиња Милиќ. Во наредните десет минути се игра гол за гол на двете страни, каде ниедна од двете екипи не успеаа да се одлепи со повеќе од еден гол разлика. При предност на домаќинот од 7:6, следи прва поголема серија на црвено-црните од 0:6 за осетливо водство од 7:12 во 18 минута. Кога очекувавме Вардарци да го скршат противникот и да продолжат со добрата игра, Војводина одговори со добра игра. Постепено ја намлуваа нашата предност и со голот на Тодоровиќ во 24 минута намалија на 11:13. Првото полувреме заврши со голот на Филип Лазаров, за заминување на одмор со резултат 15:16.

Вториот дел со гол го отвори Лука Циндриќ за позитива од два гола. Ново израмнување на резултатот по пет минути игра во второто полувреме, за 18:18 со погодокот на Николиќ. Брумен погодува за нова предност, но Војводина враќа со два нови гола за ново израмнување од 21:21. Во 48 минута противникот успеаа дури и да поведе со резултат 23:22. Манасков ја враќа предноста на Вардар, а Милиќ ја забележува својата 11 одбрана. Со два гола по ред на Душебаев се одлепуваме од противникот на три гола разлика, или резултат 23:26 на седум минути пред крајот. Заигруваме многу поцврсто во одбраната, што ни овозможува уште еден погодок на Лацковиќ за четири гола позитива. Милиќ продолжува со своите успешни интервенции, вкупно 13 до тој момент. Војводина немаше сили да се врати во игра, а расположениот Душебаев го постигнува својот петти погодок во вториот дел. Конечниот резултат гласеше 26:31.

Најефикасни во нашиот состав беа Тоскиќ со 6 и Душебаев со 5 постигнати гола. нема многу одмор за избраниците на Гонзалес, кои веќе во вторник гостуваат на Татран Прешов.