Денес на 20 Јануари во 2014 година ФК Вардар преминува во приватна сопственост и целосно беше купен од страна на г-н Сергеј Самсоненко. По голем позитивен притисок од јавноста пред се онаа црвено-црната пред две години рускинот реши покрај ракометниот машки и женски вардаров колектив да влезе и во фудбалскиот.
Од тогаш фудбалскиот колектив во свој посед од 21.11 минатата година го доби новиот супер модерен тренин центар во скопската населба Хиподром. Во истиот нашите фудбалери ги имаат сите потребни услови за тренинг и подготовки за фудбалските натпревари, повеќе немора да патуваат во периферните скопски населби за да одржуваат тренинзи. Покрај тоа отпочна изградбата на академијата за дечиња до 12 години која ќе се изгради зад арената “Филип Втори“.
Академија за дечиња до 12 год, е прва од ваков тип на овие простори .Како што стои во извештаите на клубот академијата ќе има три фудбалски игралишта, соблекувални по највисоки стандарди, кафетерија каде родителите за прв пат ќе имаат можност да ги следат своите дечиња како работат во услови кои доликуваат на европски клуб, музејска поставка на трите клубови кои ги поседува г-н Сергеј Самсоненко, предавални, канцеларии за тренерите во младинските категории. Покрај тоа во најава е и нов стадион за фудбалскиот клуб.
За време во кое господинот Самсоненко е сопственик на фудбалскиот клуб, имаме освоено една првенствена и една Супер-куп титула , а годинава атакуваме повторно на истите два трофеа кои ги браниме од минатата сезона.