Цела нација денеска е горда на своите ракометари. Македонија се пласираше во главната фаза од ЕП во Полска. Златните наши момчиња одиграа реми против Србија, но и ремито беше доволно нашата репрезентација да ja поминe оваа воведна рунда од ЕП. Целиот натпревар се играше гол за гол, нашите играчи имаа највисока предност од +2, по првиот дел беше изедначено.
Во вториот дел Македонија започна лошо во одбраната, Борко имаше многу малку интервенции во вториот дел, но крилата на Македонија блескаа. Кире ги разигруваше играчите, а Манасков му даде дознаење на Станиќ дека ова е негов ден. Нашите играчи одиграа одлично, Стоилов и Манасков ги постигнаа клучните два погодоци за Македонија. Манасков средбата ја заврши со девет голови, Стоилов постигна четири, а Ф. Лазаров не доби шанса.
Одиме понатаму, следните три противника ни се: Норвешка и посеизгледа Хрватска и Исланд. БРАВО МАКЕДОНИЈА!