Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победи за генерациите 2007 и 2010 на пријателски натпревари
Победи за генерациите 2007 и 2010 на пријателски натпревари

Победи за генерациите 2007 и 2010 на пријателски натпревари

Две младински екипи на ФК Вардар денес одиграа пријателски натпревари, како подготовка за новата сезона.

Пионерите успеаа да слават и на вториот пријателски натпревар во подготвителниот период. Екипата која е предводена од Марко Ѓорѓевиќ и Димо Мушу денес беа подобри од градскиот ривал, тимот на Работнички. Конечниот резултат гласеше 2:1 (1:1).

370666173_276225721831188_4574205610826879686_n

Вардар прв успе да го отвори резултатот со голот на капитенот, Михаил Јорданоски, кој се најде на вистинското место после центар шут од десната страна на Гаврил Петаноски. Пред да го отвориме резултатот, обид исто така имаше Јорданоски. Во прилика се најде и Фуад Керими, кој не успеа да погоди, додека Работнички успеа да постигне гол и на полувреме да се замине со нерешени 1:1.
370771568_276226791831081_1179238474022537866_n
Во вториот дел после неколку удари кон противничкиот гол, успеавме да го вратиме минималното водство, преку Стефан Атанасовски кој погоди на асистенција од Бобан Бакрачески, за резултат 2:1, кој на крајот се покажа како конечен на овој контролен натпревар. Нашиот голман, Леонид Стојкоски имаше две интервенции, а Јорданоски пропушти добра шанса по втор пат да ја затресе противничката мрежа.

370861272_276227201831040_4098757933540421399_n

Вардар: Леонид Стојкоски, Ненад Стојанчевски, Гаврил Петаноски, Филип Дамевски, Гоце Трајчевски, Алексеј Ивановски, Кристијан Каруловски, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски (К), Фуад Керими и Стефан Атанасовски.

Втора висока победа за генерацијата 2010 на Зоки Тасески во подготвителниот период. Оваа генерација која се подготвува за својата дебитантска сезона во Детската Лига на ФФМ, денес стигна до вториот последователен триумф.

370681924_276186461835114_8282295545235306955_n 370780783_276185098501917_1330445058048686360_n

На стадионот во Автокоманда, нашите млади надежи тестираа со екипата на ФК Скопје, од која беа подобри со резултат 1:6. Одличен натпревар на младите вардарци, натпревар кој целосна припадна во наша доминација и контрола на играта.

Во листата на стрелци се запишаа, Џихан Ибраим (2), Калин Аврамовски, Коки Атанасовски, Михаил Атанасовски и Мартин Краљевски.

370825238_276186855168408_6718561791940718420_n 371028286_276186341835126_2529764333687465090_n

Вардар: Марио Ангеловски, Лука Јоакимовски, Матеј Трпевски, Калин Аврамовски, Ведран Јовановски, Мартин Краљевски, Павел Антевски, Стефан Донев, Џихан Ибраим, Михаил Атанасовски и Лука Митевски.

Играа уште и Мирослав Нишевски, Тео Спирковски, Амза Ибраим, Теодор Гиевски, Павел Божиновски, Горазд Апостоловски, Коки Атанасовски и Дамјан Кицевски.