Вардар веќе иде по нови имиња за засилување на ростерот свој официјално три имиња има потпишано , а наскоро потпишуваат уште две имиња со што ќе се стигне до бројката од пет нови имиња .
Вистинско засилување за црвено-црните доаѓа од Романтичарите младиот и надежен фудбалер Дарко Велковски . Како што донесува Екипа овој фудбалер ќе потпише верност од три години . Ова е ВИСТИНСКО ЗАСИЛУВАЊЕ во одбраната на Вардар знаејќи го неговиот квалитет и стандарното место во селекцијата У-21 и тоа што често се наоѓа на спискот на А-селекцијата .
Второто име е Немања Мијушковиќ кој доаѓа од шампионатот на Црна Гора и е избран во иделниот состав за изминатата сезона во шампионатот на оваа балканска земја . И Немања е млад и надежен играч има само 23 години и игра на позицијата штопер .
фото:мкд.мк