,,ВАРДАР ФАНС” дознава…
Поранешниот македонски репрезентативец Милован Петровиќ дојде во Вардар.
Се работи за добро познато фудбалско име во нашата држава. Петровиќ има 30 години. Во својата фудбалска кариера има настапувано за екипите на Работнички, Победа и Тиквеш, а има и интернационално искуство со играње во екипите на Осијек, Сепси, Лариса и Сутјеска, кој му е и последен клуб. За репрезентацијата на Македонија има одиграно девет натпревари. Петровиќ ќе биде големо засилување за нашиот тим, но нема да има право за настап во недела.
Денеска во редовите на шампионот дојде и уште едно ново име. Се работи за 28-годишниот чувар на мрежата Александар Игески кој минатата сезона го бранеше голот на Тиквеш и беше еден од најдобрите голмани во Втората лига.
Игески е искусен голман кој досега бил дел од екипите на 11 Октомври, Металург, Локомотива, Хоризонт Турново, Гостивар и Осогово.