Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две нови сигурни победи за избраниците на “Чунга Лунга„ генер. “2007„ на ФК Вардар имаше победничко коло
Две нови сигурни победи за избраниците на “Чунга Лунга„ генер. “2007„ на ФК Вардар имаше победничко коло

Две нови сигурни победи за избраниците на “Чунга Лунга„ генер. “2007„ на ФК Вардар имаше победничко коло

Генерацијата на ФК Вардар родени “2007„ година денес на терените на ФФМ го одиграа 4.коо во детската лига. Двете екипи предводени од “Чунга Лунга„ стигнаа до нови победи во лигата.

Најпрво својот натпревар го одигра Вардар (1) кој за противник го имаше тимот на Милано, истиот го добивме со резултат 5:2. Марко Киш беше играчот кој прв упати директен удар кон голот на Милано, но одбрани голманот на кумановчани. Во следниот период на два пати се закани Александар Грашески, во првиот биеше од прекин над гол, додека во втората прилика немаше среќа кога ја погоди пречката. Сепак иницијативата даде резултат кога Златко Радески шутираше, а голманот на Милано немаше добра реакција, па дозволи топката да го прескокне и да заврши позади неговиот грб, што значеше водство за Вардарод 1:0. На вториот гол не се чекаше многу време, а истиот го постигна Стефан Младеновски, на асистенција од Грашески, за зголемено водство од 2:0. Се обиде и Радески кој бие од голема далечина покрај голот, а се закани и противникот, но одбрани Лука Јаневски. Избраниците на Чунга Лунга зголемија на 3:0 со првиот гол и на Мичо Поповски, а до крајот на првиот дел Милано постигна гол и намали на 3:1, резултат кој беше актуелен на полувреме.

1 2 3

На стартот од второто полувреме, црвено-црните го зголемија резултатот на 4:1 со погодокот на Милош Спасовски, откако од прекин топка нафрли Грашески. И во овој дел од мечот го контролиравме резултатот и не дозволивме на противникот многу да се изнаигра. Младеновски имаше добра прилика, но шутира само покрај голот, додека Милано успева да намали на 4:2 со удар од белата точка. Во следниот период се обидоа Спасовски и Томовски, но шутираат само покрај голот на Милано. Втор гол на денешниот меч за Стефан Младеновски, со кој зголемивме на 5:2. Противникот успеа повторно да ја намали негативата на два гола (5:3), но Марко Киш со својот прв гол денес ги постави конечните 6:3 за екипата на Вардар.

До победа дојде и екипата на Вардар (2) која ја совлада екипата на Викторија од Куманово. Интересно на овој дуел прв до предност од 0:1 дојде противникот, но истата не траеше многу време. Вардарци многу бргу се вратија во игра и со головите на Лука Рајчин и Јулијан Битичи направија резултатски пресврт и поведоа со 2:1. Во првото полувреме на голот беше Даниел Исајловски кој имаше неколку одбрани. Црвено-црните доминираа на теренот, а во шанси се најдоа Јовановски и Рајчин, но истите останаа нереализирани. Игравме одлично, а со тоа дојдоа и нови погодоци. Одлична акција на Рајчин кој додаде до Битичи, овој со својот втор гол зголеми на 3:1. До крајот на првиот дел постигнавме уште два нови голови. Во листата на стрелци се запишаа и Михаил Јордановски кој зголеми на 4:1, а потоа и Иван Блажевски, за на полувреме да имаме високи 5:1.

5 6

Високата предност во вториот дел не донесе мирна и рутинска игра. Тренерот Петрески им даваше шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање, а на голот застана и Јовица Спасовски. Во овој дел од дуелот противникот постигна два гола, доволно за само да го ублажи поразот на 5:3. Шанси за Вардар во овој дел од натпреварот имаа Битичи, Котевски и Јордановски, но не успеавме да постигнеме гол во второто полувреме.