Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Само лоши десет минути го чинеа пораз младиот состав на Вардар Јуниор, поискусниот тим на Пелистер ги однесе бодовите од Скопје
Само лоши десет минути го чинеа пораз младиот состав на Вардар Јуниор, поискусниот тим на Пелистер ги однесе бодовите од Скопје

Само лоши десет минути го чинеа пораз младиот состав на Вардар Јуниор, поискусниот тим на Пелистер ги однесе бодовите од Скопје

Иако млади, тие сепак се голема надеж на ракометниот клуб Вардар. Само лоши 10 минути во вториот дел, му овозможија на поискусниот и повозрасен Пелистер да слави во дуелот со екипата на Вардар Јуниор. Избраниците на Петрушевски цели 40 минути беа во водство, но потоа следеше серија на противникот од 0:9, која пресуди за конечниот победник.

Мора да се напомене дека во текот на целото прво полувреме црвено-црните беа во предност, која најмногу достигна до четири голови разлика. На голот одлично започна Марко Кизиќ кој по само 4 минути игра зад своето име веќе имаше забележано четири одбрани. Тргнаа фуриозно вардарци и со серија од 3:0, од кои два гола на Кукуловски и еден на левото крило Димитровски, имавме предност од 3:0. Првиот гол гостинскиот тим од Битола го постигна дури во 6.минута од мечот за да намали на 3:1. Се играше брзо на двете страни, а иако млади вардарци покажаа дека можат да се носат со било кој противник во супер лигата, посебно кога играме на домашен терен.

2

Кукуловски беше расположен во нападот, потпомогнат на голот од Кизиќ кој имаше блескаво издание во првото полувреме, можеби најзаслужните што по првите 30 минути имавме водство, иако треба да се потенцира дека сите кои добиваа минутажа од тренерот Петрушевски максимално борбено и пожртвувано ја искористија. Во 13 минута предноста на Вардар повторно беше три гола позитива, кога погоди Димитровски за резултат 7:4, додека во следниот напад погоди и десноракиот играч, Ален Ќосевски и во тие моменти имавме највисока предност од 8:4. Истата можеше да биде зголемена доколку голманот на Пелистер, Плех не успееше да фати два зицер удари на Вардар Јуниор, па благодарение на неговите одбрани, битолскиот тим во 16 минута ја преполови негативата на 8:6. Десното крило, Мартин Димов се погрижи да се прекине серијата на Пелистер, но противникот постигна два гола во серија и со погодокот на пикерот Петров имаа само негатива од еден гол (9:8) во 18 минута.

1

Вардар Јуниор не помисли да се предаде, напротив овие момци беа желни за нова победа пред својата публика. Одбранет седмерец имаше и Андреј Петковски. Нововлезениот играч на пикерската позиција, Стефан Атанасовски постигна гол за зголемување на 10:8. Повторно на сцена стапи голманот на Пелистер кој одбрани нов зицер удар, а тоа најдобро го користи Маџовски за прв пат на мечот да донесе израмнување од 10:10. Ќосевски се погрижи Вардар повторно да биде во позитива и од тој момент не дозволи да ја испушти. Благодарение на погодоците на средниот бек, Стефан Крстевски имавме повторно водство од три гола разлика (14:11), а Кизиќ покажува дека е светла иднина на Вардар, кога во два наврати успеа да му одбрани зицер удари од крилна позиција на поранешниот вардарец, Никола Стоилевски. До крајот на првиот дел нашето водство се движеше од 2-3 гола разлика, за на одмор од десеттина минути да се замине со резултат 19:16. во наша корист.

3

Крстевски во вториот дел му донесе предност на Вардар од 21:17, но во 36 минута Перлистер повторно намали на 22:20. На голот застана Андреј Петковски кој го замени Кизиќ. Веднаш блеска Петковски со нов втор одбранет пенал и не дозволува Пелистер да се доближи до нашата предност. Карапалевски со гол му донесе предност на Вардар од 25:22, но следат лоши минути за Вардар Јуниор кој веќе ја немаше предноста, со оглед дека Пелистер направи серија од 0:3 и го израмни резултатот на 25:25. Тоа беше знак за тренерот Петрушевски да побара тајмаут, но неговите момци долго време беа без погодок. Димитровски промаши од контра-напад, а тоа го искористи противникот за прва предност од 25:26, а имаа и зицер удар за плус два гола, но одбрани Андреј Петковски. Не можевме некако да ја пронајдеме играта од првиот дел, но “тенката„ клупа и заморот очигледно си го направија своето, Пелистер веќе имаше и водство од 25:27 во 48 минута од натпреварот и беше во серија од 0:5. Се редеа промашувања на нашата страна, кога и Димов од својата позиција шутираше над голот,што му даваше шанса на Пелистер да го зголеми водството, тоа и се случи кога Маџовски погоди за највисоки 25:28. Долго бевме без гол веќе повеќе од десеттина минути, а гостите од Битола немилосрдно казнуваа и ја зголемуваа предноста на 25:31 на шест минути пред крајот. Конечно погодивме преку Ќосески кој намали на 26:31. На крајот Пелистер слави победа со резултат 30:34.

Крстевски Стефан постигна 9, додека Кукуловски Дејан 7 погодоци кај Вардар Јуниор.

Нема што да им се завиди на нашите млади надежи кои се бореа до самиот крај и во најголем дел од дуелот и го надиграа противникот.