Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжува победничката серија за момците на Георгиевски, генер. 2008 на ФК Вардар со две нови победи во детската лига
Продолжува победничката серија за момците на Георгиевски, генер. 2008 на ФК Вардар со две нови победи во детската лига

Продолжува победничката серија за момците на Георгиевски, генер. 2008 на ФК Вардар со две нови победи во детската лига

Генерацијата 2008 на ФК Вардар денес одигра ново коло во рамките на детската лига. Избраниците на Петар Георгиевски беа убедливи во дуелите со екипите на Скупи и Њу Старс.

Вардар (1) за противник ја имаше екипата на Скупи, која ја совлада убедливо со резултат 4:2. Интересно, први во водство беа екипата на Скупи, која успеа да го отвори резултатот за 0:1 и тоа во првата минута од мечот. И следниот директен удар беше кон нашиот гол, но топката оди крај голот. Вардарци се разиграа, па започнаа шансите пред голот на Скупи. Во својата прва сериозна прилика, момците на Георгиевски успеваат да го израмнат резултатот на 1:1, погоди Стефан Бранковски, после нафрлена топка од Бошковски. Следен кој се закани беше Бошковски, но неговиот удар го одбрани голманот на Скупи. Имавме голема можност да поведеме, но Блажевски немаше среќа кога ја погоди пречката. На полувреме се замина со резултат 1:1.

1 2

Вардар имаше целосна доминација во второто полувреме, а првата поголема шанса ја имаше Азизи кој ја погоди стативата од голот на Скупи. Обид имаше и Блажевски кој шутира крај голот. Црвено-црните за кратко успеваат да постигнат три гола и да го решат победникот на овој натпревар. Одлична акција за Вардар, која во гол ја круниса Петар Блажевски, почна од Азизи кој додаде до Бранковски, овој до Блажевски кој ја погоди мрежата за 2:1. Нов гол за Вардар и тоа евро-гол на Петар Блажевски кој зголеми на 3:1. Игравме одлично во овој дел од мечот и постигнавме нов гол, прв за Матеј Киш кој го зголеми резултатот на 4:1. До крајот на мечот, екипата на Скупи псотигна гол и намали на 4:2, додека Вардар имаше прилики преку Азизи, кој во првиот обид ја погоди стативата, а во втората прилика биеше крај голот. Крај на мечот и триумф за Вардар со резултат 4:2.

4 5 6

Победа оствари и екипата на Вардар (2) која беше подобра од Њу Старс (1). Прв кој се обиде беше Азизи, но одбрани голманот. Имаше обид и екипата на Њу Старс, но одбрани нашиот голман Лука Грчевски. Вардар успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0, со голот од пенал на Стефан Марковски. Претходно во една акција биеше Пешов, голманот одбрани, но топката заврши во корнер, што беше трета, па судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор на казнениот удар беше Марковски. Набргу го зголемивме резултатот на 2:0 откако Азизи направи се сам, се ослободи од неколку противнички играчи, додаде до Дамјаноски, на кој не му беше тешко да ја вметна топката во голот. Откако и Вардар направи три корни беше досуден пенал за Њу Старс, кои успеваат да намалат на 2:1. До крајот на првото полувреме, нашиот состав успеа да постигне два гола, истите беа дело на Арти Азизи, кој зголеми на 4:1, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Првиот обид во второто полувреме го имаше Ненад Дамјаноски, кој бие директно од корнер, но голманот на Њу Старс беше внимателен па го одбрани неговиот удар. Следи нов гол во противничката мрежа, истиот го постигна Ненад Дамјаноски кој зголеми на 5:1, откако центрираше Азизи. Њу Старс имаше голема прилика да го намали резултатот, но Грчевски одбрани и спаси чист погодок, додека Вардар казни преку Марко Шотаровски, кој погоди на асистенција од Митаноски. До крајот на дуелот, Њу Старс го ублажи поразот и ги постави конечните 5:2 на овој дуел од детската лига.