Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шампионската генерација “2004“ продолжува да реди победи во детската лига
Шампионската генерација “2004“ продолжува да реди победи во детската лига

Шампионската генерација “2004“ продолжува да реди победи во детската лига

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија продолжија натпреварите од детската фудбалска лига. Вардаровата генерација “2004“ и по одигрување на денешното коло останува со максимален број на освоени бодови. Двете екипи на Ане Андовски денес слабеа во дуелите со екипите на Спорт Ефе и Куманово.

Најпрво натпревар утрово одиграа Вардар(2) против тимот на Спорт Ефе. Овој меч го добивме со резултат 4:0. Победата можеше да биде многу поубедлива ако ги искористивме барем половина од шансите. По првото полувреме имавме водство од 2:0 и тоа со двата гола на Георг Стојановски со удар од белата точка. Голманот на Спорт Ефе е сепак најзаслужен  што неговиот тим по првиот дел нема поголема негатива. Во вториот дел продолживме со препознатливата игра, нашите млади надежи беа во комплетна иницијатива кон противничкиот гол. Најпрво на 3:0 успеа да зголеми на Горазд Попов. До крајот на мечот постигнавме уште еден гол дело на Матео Софијаноски, на кој претходеше одлична асистенција од Анчевски за водство од 4:0. Овој резултат беше конечен на крајот од натпреварот.

vardarfans-pobeda

Вардар (1) беше многу поубедлив во дуелот со својот противник, екипата на Куманово. Оваа екипа забележа убедлива победа од 10:1. Првата голема шанса ја имаше противникот, по едно наше невнимание во противничката одбрана, еден од играчите на Куманово изби сам со нашиот голман Василев, кој успешно го скротува ударот и спречува неагтива. Вардар врати веднаш преку Исмет Хајдари, но голманот на Куманово е поуспешен. Саепак на нашето водство не се чекаше многу време, а Матеј Богданов постигнува евро гол, силно шутира во горниот лев агол од голот на Куманово за водство од 1:0. Одлично нафрли Марко Софијаноски. Прдоолживме со силно темпо на игра, на кое Куманово неша сили да го издржи. Следи нов погодок зад името на Хајдари за предност од 2:0. Истиов играч повторно се најде во прилика за постигнување на гол, но голманот на Куманово го брани ударот. Марио Ричков е третиот играч во нашата екипа кој се запишува во листата на стрелци, за водство од 3:0. Марио Ричков уште еднаш се најде во прилика, но резултатот остана непроменет. Уште еден гол до крајот на првиот дел и повторно за Вардар. Стрелец е Сандро Каровски за резултат од 4:о по првиот дел.

vardarfans-tekst

Во второто полувреме првиот обид го имаше Исмет Хајдари, но безуспешно заврши обидот. Куманово успева да постигне почесен гол во продолжение од мечот и да намали на 4:1. Ова како да ги разлути Вардарци, кои до кррајот на натпреварот ја полнеа мрежата на Куманово. Повторно Матеј Богданов се запишува во листата на стрелци за предност од 5:1. Втор погодок постигнува и Сандро Каровски за веќе убедливи 6:1. Голема прилика имаше Теодор Перковски да зголеми, но голманот на Куманово одлично брани. Сепак истиов играч во следните акции на два пати се запишува во листата на стрелци за предност од 8:1. Хет трик за Сандро Каровски за заокружување на успешното коло за оваа генерација и конечни 9:1 на овој дуел.

Како што напоменавме и по одигрување на ова седмо коло од детската лига, двете екипи на Ане Андовски имаат максимален број на освоени бодови.