Денеска нов натпревар на терените на ФК Работнички одигра и најмладата генерација на ФК Вардар, генерацијата 2008. Нашите млади момчиња продолжија да редат победи, овој пат нашиот тим со “петарда” во својата мрежа го испрати дома тимот на ФК Спорт Ефе.
Нашиот тим уште по првиот дел го реши прашањето околу победникот на овој натпревар. По првиот дел нашите момчиња имаа три голови предност, што значеше дека и на оваа средба ќе однесат победа. Во вториот дел нашите момчиња продолжија со убедливата игра и успеаа уште на два наврати да ја начнат мрежата на Спорт Ефе. Нашите момчиња имаа можност и за по убедлива победа, но останаа на пет погодоци. На крај, нашиот тим се радуваше на нова победа без примен погодок.
Стрелци во нашиот тим беа:
Павел Андов (2)
Илија Митаноски (1)
Јохан Зизајковски (1)
Стефан Марковски (1)