Утре на програмата е ново, единаесетто коло од првата македонска фудбалска лига. Во него, нашиот шампион и гостува на Шкендија во мега – дербито на ПМФЛ. Иако Вардарци се во мала криза, иако во тимот недостасуваат, и ќе недостасуваат неколку значајни играчи, сепак, ние сме шампиони на Македонија треба да одиме и да победуваме на секој натпревар.
Шкендија во последно време во првата лига ни стана редовен ”пациент”. Mинатата сезона, на клучните два натпревари за титулата, нашите момци докажаа дека знаат да се борат со секој притисок, знаат да играат против сериозни екипи. Исто така, сите ја паметиме и втората рунда од овогодинешниот шампионат. Нашиот тим, на 14 август, како домаѓин ја ”смеле” тетовска Шкендија победувајќи ја со 3:0. На тој натпревар нашите момци докажаа дека и оваа сезона кога се мотивирани и фокусирани 100% на еден натпревар, тогаш Шкендија нема што да бара. Утре, пред нашите играчи ќе биде и полн стадион.. но, на нашите играчи убедени сме дека тоа ќе им биде само еден мотив плус да слават победа.
Ние очекуваме нашите шампиони да излезат на терен со ладни глави, максимално мотивирани и желни за победа. Момци, ”изгинете” за светите бои, затнете им ги ”устите” на многумина кој не веруваат во вас!