Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.Пионери поразени од Металург дома
Пом.Пионери поразени од Металург дома

Пом.Пионери поразени од Металург дома

Денес на теренот на академијата во градски парк се одигра дуелот во лигата за помлади пионери помеѓу ФК Вардар и екипата на скопски Металург. Вардар имаше водство од 1-0 на полувреме, сепак по еден несватлив пад во вториот дел гостите издвојуваат победа 1-3. Состав: Рамадани, Спировски, Мирчевски, Ристевски, Манасиевски, Бојковски, Спировски, Ристовски, Ариф, Астарџиев и Николов.image-0-02-05-e8d2b8dc59555f3a33b03ab0cd7a8721031ddc9dc09cabf9b6f79e6ff9fefcd6-v

Мечот почна со целосна иницијатива на црвено-црните помлади пионери. Избраниците на Сашо Јанев атакуваа на голот на противникот уште по првата судиска свирка. Прва прилика за одбележување имавме преку Давид Ристовски. Исто така и Николовски Матеј беше во прилика, сепак мрежата на Милан Димитриевски остана нечепната. Се играше 27 минута од првиот дел кога на сцена стапи Ариф Ибраим постигнувајќи погодок за водство од 1-0 на црвено-црните. По голот бевме подобри противници на теренот, голема прилика пропушти и Михаил Ристески во 34 минута од дуелот. До крајот прилика имаа гостите преку Поповски Александар од слободен удар, сепак посебен беше нашиот голман Рамадани Суфјан. Тоа беше последната прилика за одбележување денес во првиот дел пред да се замине на одмор. img_20161022_110105

 

Вториот дел го започнавме со иницијатива, трагајќи по втор погодок во мрежата на гостите од Железара. Сепак за жал погодок постигнуваат зелено-белите. Се играше 43 минута Бакариевски Гезим изведе слободен од 25 метра одлево , го натфрли живиот ѕид и го совлада Рамадани за изедначување 1-1. По голот следуваат уште две прилики за гостите , сепак ние сме посебни во одбраната. Се ослободуваме од притисокот во продолжение стрелецот на голот Ариф Ибраим има прилика од слободен удар , за жал не успева да погоди. Напаѓаме со сите сили во продолжение сакајќи да го вратиме водството на овој дуел во лигата за помлади пионери. Гостите играат “бункер” дозволувајќи да напаѓаме постојано, чекајќи прилика од контра. Тие успеваат да искористат две контри за само деведесет  секунди и набрзина победуваат. Најпрвин поведоа 1-2, апак минута и пол потоа и 1-3. По ова Јанев ја уфрла целата клупа со цел да го смени текот на нештата. Веднаш имаме прилика преку Апостоловски Андреј кој шутна крај голот на Димитриевски Милан. Гостите продолжува ат  да се бранат , Хасановиќ Малик пропушта голема прилика за да намалат на 2-3.  Не успеваме да намалиме до крајот мечот заврши со победа на Металург од 1-3 на овој дуел за помлади пионери.