Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови фудбалски “лекции“ за противниците од генерацијата “2008“ на ФК Вардар
Нови фудбалски “лекции“ за противниците од генерацијата “2008“ на ФК Вардар

Нови фудбалски “лекции“ за противниците од генерацијата “2008“ на ФК Вардар

Вардаровата генерација родени “2008“ година стигна до две нови убедливи победа во рамките на детската фудбалска лига. На терените на ФК Работнички, избраниците на Павел Неделковски ги совладаа екипите на Работнички и Форца.

Вардар (1) убедливо ги победи врсниците од екипата на Работнички, со конечен резултат од 9:2. Самиот резултат кажува со каква доминација во играта славеле нашите млади надежи на овој дуел. Сигурен и убедлив беше “братскиот“ Вардар (2) кој за противник ја имаше екипата на Форца (1). Тука триумфиравме со резултат 4:0. Дури четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој натпревар. Илија Митаноски, Матеј Киш, Ненад Дамјаноски и Арти Азизи погодија за победа на Вардар (2) на овој натпревар.