Екипата на ЖРК Вардар Јуниор се врати на победите во супер -лигата, откако во С.Р.Ц. Кале ја победи екипата на Деспина од Прилеп.
Заслужена победа за младите Вардарки, кои во најголем дел од натпреварот имаа водство. Започнавме со предност од 2:0, за во 7 минута да имаме и највисок пет голови разлика (7:2). Добро игравме на стартот од мечот, каде функционираше добро нашата одбрана. Како одминуваше првото полувреме игравме се подобро, а противникот немаше одговор за нашата игра, така во еден момент имавме и високи седум гола предност (13:6). До крајот на првото полувреме, гостинската екипа успева да го намали резултатот и на одмор да се замине со резултат 16:11.
Лошо започна вториот дел за Вардар Јуниор кој му дозвои на противникот на стартот да направи серија од 0:4 и да намали на само еден гол негатива (16:15). Грешките во нашата игра немилосрдно ги казнуваше противникот, кој дури и успева да поведе со 18:19. Сепак последните 12 минути им припаднаа на Вардарки, кои при нерешен резултат од 20:20 псотигнаа осум голови, а дозволија да примат само еден, за на крајот да славиме дури и убедливо со резултат 28:21.
Најефикасна кај Вардар беше левото крило, Анастасија Николовска која постигна 6 гола, додека Милица Николиќ додаде 5.
РК Вардар Јуниор: Илиќ, Реџеп, Николовска 6, Петковска, Карчева, Стефановска, Кицеска, Вељановска 1, Станиќевска 1, Трпевска 4, Георгиевска, Диневска, Божиноска 4, Гичевска 4, Иванова 3, Николиќ 5.