Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Лекиќ: Клучот лежи во одбраната, која ни донесе лесни голови
Андреа Лекиќ: Клучот лежи во одбраната, која ни донесе лесни голови

Андреа Лекиќ: Клучот лежи во одбраната, која ни донесе лесни голови

Вардарки играат одлично на стартот од новата сезона во лигата на шампионите, каде стигнаа до својата втора последователна победа. Избраничките на Дибирова денес славеа на “незгодното“ гостување во Германија, против екипата на Турингер. Игравме константно добро во текот на целиот меч и на крајот заслужено победивме. Ниту во еден момент не беше доведено во прашање триумфот, кој на крај се покажа како многу убедлив. Со овие два нови бодови се наоѓаме на првото место на табелата, со големи шанси таму да бидме и на крајот од првата групна фаза. Во триумфот со Турингер, најдобар стрелец беше Радичевиќ која постигна 8 голови, додека Лекиќ додаде 7. Андреа истакна дека Вардар играл добро и имал контрола на резултатот.

-Турингер веќе неколку години ни е познат противник. Сега уште подобри ги анализравме. Тие се незгодна екипа и секогаш ни задаваше проблеми кога игравме тука со нив. Првпат игравме така добро и во целиот меч го контролиравме резултатот. Клучот лежи во одбраната, која ни донесе лесни голови. Полека и добро ја подигаме формата за следните натпревари.