Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младински лиги > Нова рутинска победа за пионерите на РК Вардар, избраниците на Будимир убедливи на гостувањето во Велес
Нова рутинска победа за пионерите на РК Вардар, избраниците на Будимир убедливи на гостувањето во Велес

Нова рутинска победа за пионерите на РК Вардар, избраниците на Будимир убедливи на гостувањето во Велес

Пионерите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до нова победа во рамките на пионерската лига. Избраниците на Андријана Будимир славеа на гостувањето во Велес, против екипата на Велес 2009. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 12:26.

Со оглед дека во првото полувреме примивме само три погодоци, доволно говори за нашата добра одбрана во текот на првиот дел. Добро го започнавме мечот и веќе на стартот имавме водство од 0:3, за првиот гол да го постигне домашната екипа и да го намали резултатот на 1:3. Следеше нова серија на Вардарци од четири последователни голови, за веќе уште во првите десет минути да се одлепиме на солидна предност од 1:7. Следуваа минути кога двете екипи постигнаа по два гола, за резултат 3:9, за до крајот на првото полувреме црвено-црните со нова серија на одмор да заминат со предност од 3:12.

22522408_10210556450769691_561788366_o

На овој натпревар тренерот Будимир настапи речиси со својот втор состав, каде шанса за настап добија сите играчи. По шест минути игра во второто полувреме, Вардарци имаа двоцифрена предност од 6:16. Единствено што успеа Велес е да намали на 10:18, за Вардар со серија од 0:4 да стигнат до највисоки 10:22. Последните минути од натпреварот беа чиста рутина за нашиот состав, кој на крај славеше со резултат 12:26.

РК Вардар: Стојкоски, Мишевски, Чакалиќ 5, Павловски 2, Трајановски, Жерновски 3, Ташевски, Калајџиески 3, Димитријевски 2, Чорогунов, Србиновски 1, Грујоски 3, Трајчевски, Савревски 4, Димчевски 2, Мирчевски 1.