Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две нови победи за Вардаровата генерација “2010“ во детската фудбалска лига
Две нови победи за Вардаровата генерација “2010“ во детската фудбалска лига

Две нови победи за Вардаровата генерација “2010“ во детската фудбалска лига

Денес на терените на ФК Работнички продолжија натпреварите кај генерацијата родени “2010“ година. Активен беше и ФК Вардар кој со двете екипи забележа исто толку победи.

Најпрво на теренот излегоа екипите на Вардар (1) и Скупи, дуел кој им припадна на црвено-црните со резултат од 3:0. Рано го отворивме резултатот на овој натпревар кога противничката мрежа ја погоди Стефан Ристиќ за водство од 1:0. Имавме целосна доминација на овој меч и можевме да стигнеме до поубедлив триумф доколку ги реализиравме шансите. Следен во прилика се најде Константин Трајков кој бие од непосредна близина, но голманот на Скупи го одбрани ударот. Имавме уште неколку добир шанси во продолжение од мечот, кои останаа без реализација. Во прилика се најде и Драган Гечев, но резултатот по првиот дел остана 1:0 во корист на Вардар.

Во вториот дел зголемивме преку Константин Трајков за предност од 2:0. Како и во првото, така и во второто полувреме, избраниците на Петковски беа подобрата екипа на теренот. Сите дилеми околу победникот ги реши Драган Гечев, кој успева да се запише во листата на стрелци и да го зголеми резултатот на 3:0. Имаше шанса и противникот да го намали резултатот, но одбрани нашиот голман. Уште еднаш во шанса за гол се најде Гечев, но резултатот до крајот остана оној 3:0, што беше и конечен.

23584492_1504089169637924_1631940133_n

Победничко коло и за Вардар (2) кој ги победи врсниците од Шкупи. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 4:2. Екипата од Чаир беше прва која успева да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, сепак нивната радост не траеше долго време, откако Петар Васовски со својот прв гол денес го израмни резултатот на 1:1.Вардар заигра многу подобро и се создаде неколку шанси пред противничкиот гол, од кои една искористивме преку Лука Јосифовиќ кој му носи водство на Вардар од 2:1. Овој резултат беше актуелен и на полувреме.

23515540_1504088986304609_1796697575_n

На стартот на вториот дел, црвено-црните прават исчекор кон победата, кога со својот втор гол на Петар Васовски, успеваме да зголемиме на 3:1. До крајот на натпреварот беа постигнати по два гола и тоа по еден во двете мрежи. Надеж дека можат да се вратат во мечот за Шкупи, кој намали на 3:2, но сепак Лука Пацески успева да погоди за 4:2, откако претходно му асистираше Васовски. На крајот заслужена победа за Вардар од 4:2.