Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (1) ја победи Албарса, додека Вардар (2) загуби од Металург, кај генерацијата родени “2008“ година во детската лига
Вардар (1) ја победи Албарса, додека Вардар (2) загуби од Металург, кај генерацијата родени “2008“ година во детската лига

Вардар (1) ја победи Албарса, додека Вардар (2) загуби од Металург, кај генерацијата родени “2008“ година во детската лига

Победа и пораз за генерацијата “2008“ на ФК Вардар, кои денес одиграа два нови натпревари во рамките на детската фудбалска лига. Мечевите се играа на терените на ФК Работнички.

Вардар (2) никако неможе да победи и по денешното коло, иако на полувреме имаше водство од 0:2. Голем и нефатлив пад во второто полувреме, во кое нраправивме неколку грешки во одбраната, но и нашиот голман не беше на висина на својата задача. Резултатот на овој меч за водство од 1:0 го отвори Јован Павловски, кој му донесе предност на Вардар од 1:0. Добро игравме во овој дел од натпреварот, создадовме шансите и не му дозволувавме на противникот да создаде некоја поконкретна акција. Стигна и вториот гол во мрежата на Металург, откако погоди и Филип Сребров за веќе водство од 2:0. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

vardarfans-generacija-2008

Во вториот дел обратна слика на теренот, Металург постигна пет голови и направи комплетен резултатски пресврт на овој меч. Со четири последователни голови, противникот го сврте резултатот на 2:4. При нерешен резултат од 2:2, избраниците на Павел Неделковски ја погодија пречката од голот на Металург. И кога имавме негатива од 2:3 исто така погодивме статива и среќата не ни беше наклонета. Надеж дека можеме да освоиме барем бод на овој натпревар внесе Павел Андов, кога постигна гол и го намали резултатот на 3:4. Сепак противникот од железарница постигна нов гол и ги постави конечните 3:5.

Вардар (1) беше сигурен и триумфираше со висок резултат од 8:2 во дуелот со екипата на Албарса. Имавме фуриозен старт на натпреварот, кога по само десет минути игра постигнавме пет голови. Во овој дел од мечот хет-трик зад името на Арти Азизи, додека по еднаш погодија Матеј Киш и Стефан Бранковски. И покрај високата предност продолживме да го напаѓаме голот на Албарса, а тоа донесе и нов гол, четврти на овој меч за Арти Азизи, со кој го зголемивме резултатот на 6:0. Имаше можност противничката екипа од слободен удар, но нвниот удар завршува покрај голот на Грчевски. Вардар имаше шанси да зголеми, кога во прилики се најдоа Дамјановски и Азизи, кои шутираат покрај голот. До крајот на првиот дел уште еден гол во мрежата на Албарса, дело на Стефан Марковски за 7:0, кој погоди од пенал, откако противникот направи три корни.

На стартот на вториот дел, почесен гол и за противникот кој го намали резултатот на 7:1. Рутински втори 25 минути за избраниците на Неделковски, кои постигнаа ушт еден гол и имаа контрола на резултатот. Со вториот гол на Матеј Киш екипата на Вардар го зголемува резултатот на 8:1, за екипата на Албарса со уште еден гол, да ги постави конечните 8:2.