Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на ГРК Борец подобри од младинците на Вардар Јуниор
Младинците на ГРК Борец подобри од младинците на Вардар Јуниор

Младинците на ГРК Борец подобри од младинците на Вардар Јуниор

Денес во С.Р.Ц. Кале се одигра натпревар во групата 2 од младинската ракометна лига, помеѓу екипите на Вардар Јуниор и Борец од Велес. Подобра беше гостинската екипа, која на крајот триумфираше со резултат од 23:28.

Интересно е што се до 25 минута од првото полувреме ниту една од екипите немаше поголема предност од еден гол. Вардар и Борец постојано се менуваа во водство, но тоа не беше поголемо од еден гол разлика. Последните пет минути од првото полувреме му припаднаа на Вардар Јуниор, кој од негатива од 9:10 успева до истекот на првите 30 минути да направи серија од 5:1 и на одмор да се замине со предност од 14:11.

Брзо во второто полувреме, гостинската екипа успева да направи резултатска симетрија, кога по само шест минути игра резултатот беше повторно израмнет на 16:16. Идентично како во првото, така и во овој дел од натпреварот се играше гол за гол, но во последните десет минути од мечот подобро се снајде противничката екипа. Имаа избраниците на Пепи Манасков и предност од 20:19, за да му дозволат на Борец да направи серија од 0:3 и да поведе со 20:22. Вардар не успеа да се врати на натпреварот, иако резултатот се уште беше неизвесен се до последните три минути, кога на семафорот стоеше 23:25 за екипата на Борец. Сепак Велешани беа тие кои со три  нови гола, ги поставија конечните 23:28 на овој дуел од младинската лига.

Вардар Јуниор во своите редови ги имаше само расположените Никола Хаџидимовски кој постигна 9 и Дамјан Јакимовски, кој беше стрелец на 8 голови. Кај победничкиот тим се истакна поранешниот Вардарец, Филип Николов кој зад своето име запиша 11 погодоци.

Вардар Јуниор: Василевски 1, Игнов, Еленин, Антевски 2, Симевски 1, Нанов, Јакимовски 8, Јаховиќ 1, Талески, Хаџидимовски 9, Блажевски, Илиевски, Тевдовски, Чупетрески, Камчев, Стојановски.