Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Повторно победнички ден за ФК Вардар генер.2005, два одлични меча и две големи победи денес
Повторно победнички ден за ФК Вардар генер.2005, два одлични меча и две големи победи денес

Повторно победнички ден за ФК Вардар генер.2005, два одлични меча и две големи победи денес

Момците на Ане Андовски, ФК Вардар генерација родени 2005 година денес одиграа два дуела од детската лига. На двата дуела кои се играа на терените во Ново Лисиче избраниците на Андовски дојдоа до две нови победи со своите ривали.

c

ФК Вардар (2) триумфираше минимално со ФК Металург.Во првото полувреме почнавме да напаѓаме, дуелот беше цврст и се до премиерниот погодок на овој натпревар двете екипи немаа посериозни прилики за погодок.  Овој дуел со погодок од игра го отвори Горјан Цветков-Гого тој погоди умешно за 1-0, резултат кој подоцна се покажа како конечен на овој натпревар. По голот влеговме во серија шанси, дури три пати прилика за погодок имаше Пројковски Петар, за жал сите негови обиди не беа крунисани со удвојување на предноста на црвено-црните. Во првиот дел за одбележување беа уште две шанси, првата ја имаше Филип Радевски, а втората стрелецот на единствениот гол денеска Гого.

c2

Во вториот дел прв удар кон голот на Металург  имаше Горјан Цветков неговиот удар го одбрани голманот на зелено-белиот тим. Имавме постојана иницијатива на овој натпревар во продолжение Таневски Кристијан се обиде од дистанца, сепак среќата не беше негов сојузник. Повторно Гого се обиде, но одбраната исфели од пред самиот гол. Ние постојано напаѓавме имавме посед, доминација и трагавме по нов гол и во овој период од овој натпревар. Калановски Александар шутна над гредата на Металург во продолжениеа, а Лука Јакимовски во голманот на зелено-белите. Противникот имаше само една голема прилика, кога на 2.минути до крајот шутна силно во аголот, сепак на нашиот гол со одлична одбрана интервенираше Леонид Илиевски кој исфрли во корна и не дозволи да бидат казнени нашите грешки во нападот.

c3

Во вториот дуел, Вардар (1) се сретна со екипата на ФК Шкупи од Скопје, овде почнавме како и другиот дуел со офаназива од самиот почеток на натпреварот, но и неефикасно. Никола Величковски имаше две шанси со глава на самиот почеток од дуелот. Потоа две прилики имаше Спасиќ Тино во првата силно шутна во гредата на тимот од Чаир во втората крај голот на противникот. Противникот се закани во продолжение, Илија Апостоловски во две прилики беше поуспешен од напаѓачите на ФК Шкупи. Во продолжение се редеаа прилики пред голот на противникот, две прилики имаше Гаштаров Матеј и две прилики пропушти Никола Величковски. Сите овие промашувања беа казнети по познатотот “непишано фудбалско правило“, во финишот по едне контакт во нашиот казнен простор противникот доби пенал. Тие истиот го реализираа и со гол за 0-1 во последната минута го однесоа овој дуел на одмор со наша негатива.

c5 c6

Во вториот дел се што промашивме во првиот ни се врати, успеавме да направиме голем пресврт и да постигнеме дури седум гола. Величковски Никола постигна два погодоци во мрежата на Чаирчани во вториот дел. Ние игравме далеку поефикасно, лесно ги претворавме шансите во гол во овој период од играта.

c6

За црвено-црниот тим по еден погодок постигнаа и  Гаштаров, Лефковски, Тино Спасиќ, Арбин Курти и Зоран Фидановски.  Со ова нова победа останавме на врвот на табелата кај оваа генерација.