Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Разиграните младинци на РК Вардар го надиграа својот ривал Металург, во дербито на младинската лига
Разиграните младинци на РК Вардар го надиграа својот ривал Металург, во дербито на младинската лига

Разиграните младинци на РК Вардар го надиграа својот ривал Металург, во дербито на младинската лига

Младинското ракометно машко дерби му припадна на Вардар, кој денес на Кале убедливо го совлада тимот на Металург, на натпревар од младинската група 1. Црвено-црните стигнаа и до третата последователна победа оваа сезона, славејќи со резултат 33:21.

Добро започна натпреварот за екипата на Вардар која ги псотигна првите два гола на натпреварот преку Ѓорѓиев и Ќосески, додека на нашиот гол добро стартуваше Тушев кој набрзина стигна до три успешни интервенции. Првиот гол екипата на Металург го постигна во 5 минута, за по осум минути игра резултатот а биде израмнет на 3:3. Двете екипи наметнаа брзо темпо на игра, во кое подобро се снајдоа црвено-црните. Предноста на Вардар ја врати Мисаиелески, кој погоди за резултат 4:3. Некаде на средината на теренот, започнаа избраниците на Грчевски и Чивлачки да се одлепуваат од противникот, кога при резултат 7:6 успеваат да постигнат четири последователни голови и да поведат со највисоки пет голови разлика (11:6). Погодуваа Миланов и Бикоски, за наша најголема предност. Тимот од Автокоманда се обидуваше да ја смали негативата и да не му дозволи на Вардар пред време да го реши победникот на ова дерби. Тоа им успева за момент кога со два последователни погодоци намалија на 13:9, за расположениот за игра Марио Миланов да врати на ист начин со два гола и да зголеми на 15:9. Шанса за игра доби и крилото Виктор Крстевски, кој успева да искориси контра-напад и со својот прв гол да му донесе убедливо водство на својот тим од 16:9. Се распадна играта на Металург, тоа го искористува Вардар кој преку Ѓорѓиев Иван зголеми и на 18:9. Гостинската екипа го постигна последниот гол во првите 30 минути, за резултат од 18:10 со кој се замина на одмор. Мора да се напомене дека на голот на Вардар, одличен беше Александар Тушев кој можеби и ја донесе високата преднос по првото полувреме.

И во второто полувреме на гостинскиот тим му беа потребни пет минути да го постигне својот прв гол, пред тоа со двата гола на Ален Ќосески да стигнеме до двоцифрена предност од 20:10. Повторно Тушев брани и го одржува високиот процент на одбранети удари кон неговиот гол. Промашените зицер удари на Вардар, го чинеаа намалување на предноста, на 23:15 во 43 минута од натпреаварот, иако имавме контрола на резултатот. Сепак на сцена повторно стапи крилото Ќосевски кој ја враќа двоцифрената разлика (25:15). На голот застана и Брајан Петкоски кој исто така имаше неколку успешни одбрани, од кои една и двојна од удар од седум метри. Вардар беше расположен за игра и не му дозволуваше на Металург да ја симне нивната двоцифрена предност. Ќосевски го продолжи стопроцентниот ефект на ударите од седум метри, за предност на Вардар од 29:18. На крајот конечниот резултат гласеше 33:21.

Ален Ќосевски постигна дури 12 голови, додека 5 беа дело на Марио Миланов.

Одлична игра во дербито за нашите младинци, кои играа континуирано добро во текот на сите 60 минути, со што стигнаа до својата трета победа од исто толку мечеви оваа сезона.