Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар (3) генер.2006 предводен од Томче Трајановски со нова победа во детската лига
ФК Вардар (3) генер.2006 предводен од Томче Трајановски со нова победа во детската лига

ФК Вардар (3) генер.2006 предводен од Томче Трајановски со нова победа во детската лига

Денес во рамките на детската лига во дуел од лигата за генерација 2006, ФК Варадар (3) кој е составен од играчи родени 2007 и помали, а се натпреварува во оваа конкуренција се сретна со екипата на Драчево. Во овој дуел момците на Томче Трајановски дојдоа до победа со 4-2 (1-0).

c12

Почнавме од првата минута на првиот дел со голема офанзива со цел ран погодок на овој дуел. Прв кој имаше прилика беше Борјан Томовски, чии удар го одбрани противникот. Следеа две одлични прилики на Младеновски Стефан кој за жал не донесоа погодот во мрежата на нашиот ривал. По голема офанзива и често исфрлање во корна, добивме казнен удар-пенал за три корни. Истиот во гол умешно го претвори Грашевски Александар. Одлична прилика од слободен удар до крајот на првиот период имаше и Милош Спасовски. Сепак на пауза се замина со минимално водство за црвено-црните надежи.

c10 c11

Вториот дел беше далеку поефикасен период на овој натпревар од детската лига во генерација 2006. Грашевски Александар повторно беше таличен за противникот, тој погоди за удвојување на водствто стрелајќи одлично за преднос со 2-0 за избраниците на Томче  Трајановски. Младеновски Стефан во продолжение имаше две одлични прилики за црвено-црните. Марко Крстевски беше во шанси и погоди за високи 3-0, приликите се редеа пред противничкиот гол, Киш шутна над голот, голманот одбрани удари на Грашевски, Младеновски и Мицевски потоа. Петар Мицевски по одличен соло продор по земја погоди за 4-0. По ова високо водство во финишот дојде до мало опуштање па противникот намали најпрвин на 4-1, а потоа во последната минута успеа да стрела за 4-2. Токму со тој резултат заврши овој дуел.