Победа и реми денес остварија генерација родени 2006 на натпреварите во детската лига. Момците предводени од Сашо Јанев денес овие дуели ги одиграа на терените на фудбалската федерација на Македонија.
ФК Вардар(1) се сретна со Работнички, првиот дел беше далеку поефикасен и повозбудлив со прилики на двете страни. По серија прилики преку Давид Голубов ние поведовме со 1-0 на почетокот од натпреварот. Ривалот успеа да изедначи и да се врати во игра, тие го совладаа Данстак Андреј за 1-1. Нашите момци се дадоа во офанзива и се потрудија да поведат повторно, во тоа и успеаа преку Стефан Коловски ние поведовме со 2-1. Сепак повторно не успеавме да ја задржиме предноста, Работнички ја врати во продолжението резултатската симетрија и изедначи на 2-2. Имавме шанси да поведеме пак, но сепак судиската свирка сигнализираше одмор по кој “почнуваме од нула“.
На почетокот се играше тежок и тврд втор дел, “романтичарите“ се заканија во продолжение, сепак одличен на голот беше Данстак Андреј кој покажа присебност. Стрелецот на првиот гол Голубов Давид се обиде во продолжение сепак, на спротивната страна денес одличен на голот на Работнички беше поранешниот чувар на мрежата на црвено-црните, Мартин Ивановски. Се обидовме до крајот уште неколку пати, сепак не успавме и на овој дуел моравме да се задоволиме со поделба на бодовите.
Вардар (2) се сретна потоа со екипата на Фк Фљамуртари во овој дуел дојдовме до победа со високи 7-0 (3-0). Најпрвин за наше водство од 1:0 погоди Михаил Танчев, тој постигна одличен гол со глава по нафрлена топка. Потоа зголемивме на 2:0, голот за удвојување на водството го постигна Олег Михајловски тој даде убав гол со шут од дистанца. До крајот на првиот дел имавме серија прилики, една од нив само успеавме да ја претвориме во гол ама тоа беше доволно за на одмор да заминеме со високи 3:0. Стрелец беше Максим Цониќ кој постигна гол по прекрасна акција, токму по неговиот погодок заминавме на одмор.
Во вториот дел нападнавме со сите сили со цел да постигнеме нови погодоци, тоа му успеа најпрвин на Матеј Анастасов кој погоди исто така убаво изработена акција за 4-0. Игравме и доминиравме во поле во текот на целиот дуел, тоа со гол за 5:0 го круниса Олег Михајловски. До крајот успеавме да постигнеме уште два погодока, па така на 6:0 зголеми Максим Цониќ со прекрасен удар од далечина под пречка, а на 7:0 зголеми Олег Михајловски по убава акција. Треба да напоменеме дека на овој дуел Од самиот почеток па се до крајот Вардарци беа доминантни.