Денес на терените на ФФМ момците предовдени од Томче Трајановски генерација родени 2007 година одиграа два дуели. Тие во едниот дојдоа до висока победа, а во другиот беа поразени минимално со еден гол.
Во првиот дуел ФК Вардар (1) се сретна со тимот на Спорт Ефе. Првите 10.минити од овој меч беа во знак на Војо Стојановски, тој најпрвин погоди за 1-0, потоа имаше прекpасна шанса за втор гол. Веќе во следната акција повторно успеа да стрела, тој со гол за 2-0 го удвои нашето водство. противникот успеа преку пенал да намали на 2-1. Сепак Стојановски повторно стапи на сцена и погоди за предност од 3-1, недавајќи ривалот да се врати во игра на резултатски план. Во финишот блесна Иван Стојановиќ тој имаше одличен влез од кој не успеа да погоди, но во следната прилика стрелаше за 4-1, резултат со кој се замина на одмор на овој дуел.
Во вториот дел по дождливо време нашите момци успеаа да го дуплираат резултатот од првиот дел, и во овој период постигнаа четири гола, а примија само еден погодок во својата мрежа. За нас стрелаа за прв пат на мечот Лео Манчев, потоа Иван Стојановиќ го постигна вториот гол за него, а пак четврти гол денес постигна и Војо Стојановски. Во победата од 8-2 свој дел имаше и Никола Јовановски кој исто така успешно погоди.
Во друиот дуел ФК Вардар (2) се сретна со тимот на Сарај , и беше минимално поразен во еден интересен дуел. Првиот дел заврши со негатива од 3-0 за црвено-црните. Во овој дел имавме неколку прилики, Милош Спасовски од слободен удар дури три пати се обиде, а прилика имаше и Младеновски Стефан.
Во вториот дел, како тим игравме далеку поколективно и далеку подобро во поле тоа донесе изедначување на 3-3. Ние вториот дел го почнавме со три погодоци во мрежата на противникот. Потоа примивме гол и повторно изедначивме на 4-4, но за жал противникот постигна гол за 5-4. До крајот немавме време за уште едно, ново изедначување. За нас двапати стрелаше Стефан Младеновски, еднаш погоди Емир Шаботиќ и еднаш стрелаше Милош Спасовски.