Денес на терените на ФК Работнички, натпревари од детската фудбалска лига, одигра генерацијата на ФК Вардар родени “2009“ година. Тие на двата меча, забележаа една победа и едно реми.
Вардар (2) го доби својот дуел со екипата на Кул (2), со конечен резултат од 4:1. Резултатот на овој натпревар, за водство од 1:0 на Вардар го отвори Матеј Крстевски. Истиов играч имаше уште една шанса да го зголеми резултатот, но истата остана без реализација. Добрата игра во овој дел ја крунисавме со втор погодок, преку Даниел Колевски кој го зголеми резултатот на 2:0. Стрелците на првите два гола имаа по уште една добра шанса за згоелемување на водството, но сепак не беа искористени. Шанса имаше и екипата на Кул да постигне гол, но нашот голман Бојан Павловски усешно одбрани. Сепак противничката екипа по првото полувреме намалува на 2:1.
Втор гол на натпреварот за Матеј Крстевски, кој му носи предност на Вардар од 3:1. Вардарци беа подобрата екипа на теренот, која создаваше шанси. Крстевски и Колевски беа некако најактивни што се однесува до загрозување на противничкиот гол. Токму Даниел Колевски го постигнува последниот гол на натпреварот, за конечен резултат од 4:1 на овој натпревар.
Вардар (1) пак во интересен и возбудлив натпревар одигра реми екипата на Шкупи. Немаше да биде незаслужено ако победеше и екипата на Вардар, која во првите десет минути имаше најмалку три зицер шанси да го отвори резултатот. Најзрелите прилики ги имаа Јаков Стојковски и Марко Петровски, но сепак резултатот остана непроменет. Ние поведовме со 1-0 преку Јаков Стојковски. Екипата од Чаир знаеше да ги казни нашите промашени удари и со два брзи гола на полувреме да има предност од 1:2.
Во вториот дел шанса преку Максим Павловски кој шутира покрај голот на Шкупи. По една грешка на нашата одбрана, тимот од Чаир повторно казнува и зголемува на 1:3. Избраниците Златко Таневски немаа среќа на овој натпревар, уште една шанса преку Марко Петровски кој ја погодува пречката. Веднаш Шкупи дава уште еден гол, за веќе убедливи 1:4. И покрај ваквата голема негатива, нашите надежи не се откажаа и постојано атакуваа на противничкиот гол. Конечно успеваме да погодиме преку Максим Павловски, за намалување на резултатот на 2:4. Следеше целосна опсада на голот на Шкупи, што резултира со втор гол во нивната мрежа, прв на натпреварот за Јаков Стојковски за намалување на 3:4. Истиов играч можеше да постигне нов гол, но неговиот удар оди покрај голот на Шкупи. Возвраќа противникот и го постигнува својот петти гол на дуелот за предност од 3:5. Во последните пет минути од натпреварот, црвено-црните постигнаа два гола, најпрво преку Марко Петровски за 4:5, а потоа и преку Јаков Стојковски, за 5:5, што беше доволно за едно херојско реми на овој супер дуел