Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ: Целта беше да влеземе и да излеземе од теренот како европски шампиони
Карачиќ: Целта беше да влеземе и да излеземе од теренот како европски шампиони

Карачиќ: Целта беше да влеземе и да излеземе од теренот како европски шампиони

Европскиот шампион немаше поголеми проблеми да слави на дуелот со екипата на ППД Загреб и да стигне до својата шестта победа, со која остана на првото место на табелата во најсилната група А. Повторно Штербик блескаше на својот гол кој имаше 18 одбранети удари, додека добро функциониравме и во нападот. Во листата на стрелци на овој натпревар се запиша и Игор Карачиќ кој постигна два гола. Тој после натпреварот изјави дека тимот одлично функционирал во текот на целиот меч.

-Би сакал да им честитам на соиграчите за борбеноста, посебно во вториот дел. Добро знаевме како минавме тука лани и целта беше да влеземе и да излеземе од теренот како европски шампиони. Покажавме квалитет, на крајот се излезе супер, благодарение на добрата одбрана и Штербик. Одлично функциониравме. Пред нас се важни мечеви во ЛШ, а целта е добро позната, истакна Карачиќ.