Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2006“ ги доби дерби мечевите со Албарса и Работнички, во денешното коло од детската лига
Вардаровата генер. “2006“ ги доби дерби мечевите со Албарса и Работнички, во денешното коло од детската лига

Вардаровата генер. “2006“ ги доби дерби мечевите со Албарса и Работнички, во денешното коло од детската лига

Вардаровата генерација родени “2006“ година со две победи го одбележа денешното коло во детската лига. Гледавме реприза на финалето од минатата сезона, кога во истава генерација се сретнаа екипите на Вардар (1) и Албарса. Но за разлика од тогаш, денес славеа црвено-црните, додека Вардар (2) го доби дербито со екипата на Работнички.

Екипата на Албарса прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Сепак следеше брза реакција од Вардар, кој набрзина направи резултатски пресврт и поведе со 2:1. Инаку сите голови во првото полувреме беа дело на Алтин Алији. Најпрво израмни на 1:1, а потоа и донесе прва предност за црвено-црните од 2:1. Најпрво биеше Сековски, голманот со крајни сили го одбрани ударот, за одбиената топка да стигне до Алији, кој немаше проблем да ја смести топката во противничката мрежа. Гледавме интересен и динамичен натпревар со шанси на двете страни. По едно невнимание на нашиот голман, Албарса успева да постигне гол и да го израмни резултатот на 2:2. Ова не ги обезхрабри избраниците на Јанев, кои продолжија да го напаѓаат голот на противникот. Нова добра прилика имаше Алији, кој на асистенција од Сековски биеше покрај голот. Вардар успеа да ја врати предноста и со хет-трик на Алији да поведе со 3:2. Голема заслуга за овој погодок се препишува на Стефан Коловски, кој продре од левата страна, се ослободи од противничкиот играч, ја нафрли топката во противничкиот шеснаесетник, а на вистинското место се најде Алији, кој ја тресе мрежата на Албарса. Избраниците на Јанев до крајот на првиот дел успеваат да ја зголемат предноста и со четвртио гол на Алији да поведат со 4:2. На голот претходеше грешка на последниот играч од одбраната на Албарса, кој ја препушти топката, која стигна до Алији, кој со лоб удар го измамува голманот.

Подобра игра на Албарса во вториот дел, што резултираше со два гола, за да го израмнат резултатот на 4:4. Пред да стигне израмнувањето, Вардар имаше обиди преки Николов и Сековски, но немаше промена на резултатот. Следеа брзи два погодока на Албарса, со кои резултатот се израмни и започна од самиот почеток овој меч. Топлото време ги отежнуваше условите за игра, но Вардар не се предаде и атакуваше да го врати водството. Тоа му успева на Марко Николовски, кој ја погодува мрежата за предност од 5:4. Повторно следиме подобра игра на Вардар кој ги враќа оние два гола позитива (6:4) со петтиот гол на Алтин Алији. Удар и за Дарко Сековски, но голманот на Албарса со крајни сили го одбрани ударот. До крајот се обиде и Галевски, но обидот остана без реализиција. На крајот конечниот резултат гласеше 6:4.

На вториот дуел кај оваа генерација се сретнаа екипите на Вардар (2) и Работнички, на овој дуел триумфиравме со резултат 4:1. Вардар уште на стартот од натпреварот имаше две изгледни прилики, кога Танчев и Михајловски имаа добар агол за да постигнат гол, но резултатот се уште остана непроменет. Следните две и тоа посериозни прилики ги имаше екипата на Работнички и тоа до двата случаи поради невнимание на нашата одбрана, но мора да се пофалат добрите интервенции на Андреј Данстак, коиј во тие моменти спречи негатива за својот тим. Сепак избраниците на Јанев се тие кои успеваат со два брзи гола да поведат со 2:0 и тоа со двата гола на Михаил Танчев. До крајот на првиот дел немаше посериозна шанса на двете страни, па првиот дел заврши со резултат 2:0.

Првиот директен удар во второто полувреме го имаше противничкиот тим, но на место беше Андреј Данстак кој го одбрани ударот. На денешниот дуел  доста активен беше Олех Михајловски, кој упатува силен удар, но голманот на Работнички одбрани со крајни напори и исфрли во корнер. Откако извиси одбраната на Вардар, противникот успева да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 2:1. Со брзо темпо се играше овој дуел, на кое подобро се снајдоа избраниците на Јанев. Откако Работнички направи три корни, судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор на пеналот беше Максим Цониќ, кој го зголеми резултатот на 3:1. Во следните минути во две шанси се најде Михајловски, но двата удари му ги брани голманот на противникот, кој денес беше еден од подобрите поединци кај Работнички и најзаслужен што неговиот тим не загуби со поголема разлика. Сепак во следниот обид, Олег Михајловски успева да ја затресе противничката мрежа и да му донесе предност на Вардар од 4:1. До крајот на натпреварот, Вардар имаше можност да слави многу поубедливо, но не успеавме да реализираме два пенали. Најпрво Михаил Танчев, а потоа и Андреј Данстак не успеаа да го совладаат противничкиот голман. На крајот конечниот резултат гласеше 4:1 за Вардар.