Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победнички ден за ФК Вардар генер.2008 во детската лига, победи над Работнички и ФК Форца за момците на Неделковски
Победнички ден за ФК Вардар генер.2008 во детската лига, победи над Работнички и ФК Форца за момците на Неделковски

Победнички ден за ФК Вардар генер.2008 во детската лига, победи над Работнички и ФК Форца за момците на Неделковски

Денес во Градски Парк во Скопје на терените на ФК Работнички се одигра 4.коло од пролетниот дел во детската лига. Тимовите предводени од Павел Неделковски одиграа два одлични дуела и на двата натпревари дојдоа до високи победи против своите ривали.

11

Во првиот дуел Вардар (1) генер. “2008“  се сретна со ФК Работнички, ние на овој натпревар забележавме победа со резултат 12-4 (6-2). Прв дуелот со гол го отвори Илија Митаноски кој на самиот почеток стрелаше за предност со 1-0 за нас. Павел Андов во продолжение го удвои водството за црвено-црните погодувајќи за 2-0, а во следната акција противникот намали на 2-1. Киш Матеј стапи на сцена имаше три прилики кои неуспеа да ги погоди, на неговиот пат се испречуваа пречката, стативата и противничкиот голман. Сепак по три корни добивме пенал, токму Киш немилосрдно шутна силно доле десно и зголеми на 3-1. По овој гол прилика пропушти Павел Андов, но тоа не го сторија Бојан Пешов и Сребров Филип кои беа прецизни. Тие погодија за зголемување на нашето водство дури на 5-1. Противникот се закани и по една корна намали на 5-2 во самиот финиш, сепак ние одговоривме веднаш. Од десно изведе одлична корна Киш, топката дојде до Никовски Лука кој погоди за 6-2, токму со овој резултат се замина на одмор.

12

Вториот дел почна со гол за црвено-белите кои намалија на 6-3 од слободен удар на почетокот. Следеше период во кој на сцена стапи Марко Шотаровски, тој имаше три прилики за нас. Во првата зголеми по соло продор на 7-3, во втората шутна крај голот, а во третатта повторно беше ефикасен по една корна од лево заби за 8-3. Работнички успеаа да искористи едно наше невнимание во одбраната и намали на 8-4 потоа. Сепак нее покажавме дека доминираме на теренот и со два брзи гола преку Горазд Поповски и Сребров Филип  поведовме со 10-2 пред самиот финиш. Во последните минути додатно ја наполнивме мрежата на противникот и тоа преку Лука Никовски од игра  и Павел Андов од пенал дојдовме до крајните 12-4 со кои дојдовме до нови бодови во детската лига.

13

Вториот меч требаше да биде дерби, но ние лесно го добивме, Вардар (2)  се сретна со ФК Форца-1  и ја совлада убедливо со високи 9-0 (2-0). Првиот дел мина со наша доминација имавме  голем број на шанси иако постигнавме само два гола од нив, затоа пак во вториот дел ефикасноста беше на ниво. Прв со гол противникот го начна Арти Азизи, тој погоди рутинирано за наша предност од 1-0 на дуелот. Прилика да го одвои водството имаше Стефан Бранковски, сепак не успеаа во намерата. Во продолжение тоа му тргна од “нога“ на  Матео Кесиќ кој погоди за 2-0, резултат со кој заминавме на одмор.

14

Вториот дел го отворивме фуриозно со два брзи гола, најпрвин на 3-0 зголеми Арти Азизи, а во продолжение предоста од првиот дел ја удвои Стефан Бранковски со неговиот прв погодок денес, тој погоди за 4-0.  Следеше шоу на Ненад Дамјановски кој со два брзи гола зголеми на 6-0 за црвено-црниот состав на овој дуел.  Ние бевме подобар противник покрај од игра погодувавме и од дистанца, Стефан Бранковски со убав погодок од далечина зголеми на 7-0.  Се беше решене на овој натпревар па до крајот остана само прашањето со колкава победа ќе го завршиме овој дуел, за победата да биде изразена со девет гола се погрижија Ненад Дамјановски и Огнен Бојковски кои погодија до крајот на овој натпревар.