Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз за ФК Вардар генер.2009 во детската лига денес
Победа и пораз за ФК Вардар генер.2009 во детската лига денес

Победа и пораз за ФК Вардар генер.2009 во детската лига денес

Денес во Градски Парк во Скопје на терените на ФК Работнички се одигра 4.коло од пролетниот дел во детската лига. Тимовите предводени од Златко Таневски, момците од генерацијата родени 2009 година одиграа два дуела во кои забележаа една победа и еден пораз.

2

Во првиот натпревар ФК Вардар (2)  се сретна со тимот на Њу Старс 2, на овој дуел дојдовме до победа со резултат 5-1 (3-0).  Првиот дел го добивме со доминантна игра во сите аспекти со три гола предност. Прв со погодок овој натпревар за нас го отвори Павел Котески-Митровски кој стрелаше за 1-0 на почетокот. Потоа на сцена стапи Давид Колевски кој најпрвин го удвои нашето водство со гол за 2-0, а потоа се обиде уште еднаш безуспешно. Напаѓавме во финишот имавме прилика која ја искористи повторно, Давид Колевски кој погоди за 3-0 резултат со кој се замина на одмор на овој дуел.

3

Вториот дел беше идентичен како и првиот со наша целосна доминација на теренот, тоа донесе ран погодок за високи 4-0. Од слободен удар прекрасно погоди за црвено-црните, Јаков Стојковски и донесе голема предност. Ние доминираме и во овој дел од дуелот па стигнавме и до “петарда“, погодокот повторно го постигна Јаков Стојковски. Потоа од дистанца пречка погоди со силен и јак удар  Марко Петковски кој се обиде да погоди за нас и потоа од поле, но неговиот удар мина крај голот.  Противникот успеа да искористи една прилика и намали на 5-1 на неколку минути до крајот. Ние повторно тргнавме да погодиме за пет разлика во финишот имавм две шанси, една преку Давид Колевски и една преку Димитар Ацевски.

5

Во вториот натпревар Вардар (1) генер. “2009“  се сретна со тимот на ФК Кул (1), во овој дуел момците на Златко Таневски беа минимално поразени со резултат 1-2 (0-1).  Во првиот дел имавме серија прилики за постигнување гол, сепак противникот успеа да го отвори дуелот и да поведе со 0-1. Ние се обидовме преку Алекс Бабунски кој имаше прилика сам пред голот на противникот, но не поениравме. Шанса за израмнување имаше и Качман Сулеман која не вроди со плод па на пауза заминавме со минимална негатива.

4

Вториот дел го почнавме со неколку измени и со обид да погодиме за да ја вратиме резултатската симетрија на овој натпревар. По една контра ФК Кул-1 успеа да ја удвои предноста и да зголеми на 0-2 на овој натпревар.  Ние имавме иницијатива  во продолжение со цел да постигнеме погодок. Некаде на средината од вториот дел шанса од слободен удар од дури 20.метра доби Матеј Крстевски, тој одлично го изведе и погоди за 1-2. Имавме прилика преку Ѓорѓиевски Горазд сепак и неговиот удар не заврши во голот, па моравме да се помириме со минимален пораз на овој дуел.